Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.18 Статистика ги покрива следните области: статистичка инфраструктура, класификации и регистри и статистика по сектори. Активностите во ова поглавје овозможуваат Националниот статистички систем соодветно да ги исполни барањата на правото на ЕУ во статистиката. Правилата и политиките на ЕУ во оваа област имаат за цел обезбедување на висококвалитетни статистички податоци во согласност со регулативите на ЕУ и со меѓународните препораки. Европскиот статистички систем е партнерство помеѓу статистичките системи на земјите членки на ЕУ, статистичкото биро на Европската Унија (ЕВРОСТАТ), статистичките системи на Европската економска област (ЕЕА) и Европската асоцијација на слободна трговија (ЕФТА). Европскиот статистички систем, исто така, ја координира својата работа со земјите кандидати и на европско ниво со останатите услужни дејности, агенции на Комисијата, Европската банка и меѓународните организации како ОЕЦД, ОН, ММФ и Светска банка.