Преговарачки поглавја
Барањата на политиките на ЕУ во Поглавјето 3.17 Економска и монетарна унија се од аспект на законодавството поврзано со економската и монетарната политика на ЕУ и претставува збир на правила: независност на централните банки во земјите-членки, забрана за директно финансирање на јавниот сектор од страна на централните банки и забрана за привилегиран пристап на јавните органи до финансиските институции. Земјите-членки се очекува да ги координираат своите економски политики, регулирани со Пактот за стабилност и раст. Новите земји членки се очекува да се усогласат со критериумите утврдени со Договорот за функционирање на Европската Унија, за да имаат можност да го воведат еврото по пристапувањето.