Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.09 Финансиски услуги ги покрива следните области: банки и финансиски конгломерати, осигурување и капитално финансирано пензиско осигурување, инфраструктура на финансиските пазари, пазари на хартии од вредност и инвестициски услуги.
Финансиските услуги треба да обезбедат стабилен, безбеден и ефикасен финансиски пазар, да обезбедат кохерентност и конзистентност помеѓу различните области на политиката како што е банкарството, осигурување, хартии од вредност, инвестициски фондови, финансиски пазари, платните системи. Европската Унија се стреми кон подобрување на финансискиот сектор на Европа и да се создаде банкарска унија за зајакнување на еврото.