Програмската област ги опфаќа следните региони:
Во Република Северна Македонија:
-
Северо – Источен регион: Општините Кратово, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка;
-
Скопскиот
регион: Општините Арачиново, Чучер Сандево, Илинден, Петровец, Сопиште,
Студеничани, Зелениково, и општините Бутел, Ѓорче Петров и Сарај од
Град Скопје
Во Република Србија
-
Областа Јабланица: Градот Лесковац, и општините Бојник, Лебане, Медвеџа, Власотинце и Црна Трава;
-
Областа
Пчиња: Градот Врање со двете општини: Врање и Врањска Бања, и општините
Владичин Хан, Сурдулица, Босилеград, Трговичте, Бујановац и Прешево.
Повикот е отворен за следните тематски приоритети на Програмата:
ТП 1: Промовирање вработување, мобилност на трудот и социјална и културна инклузија на преку границата и
ТП 2: Поттикнување на туризмот, културата и природното наследство.
Расположливиот ИПА буџет за овој повик изнесува 1.260.000 евра.
Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб страна на Министерството
за финансии на Република Србија каде е објавен повикот, на следниот линк: