Новости
среда, 13 март 2013 18:28
Денеска заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими се сретна со Амбасадорот на Германија во Република Македонија Гудрун Штајнакер.
За време на средбата вицепремиерот Бесими информираше за тековните активности поврзани со процесот на европска интеграција кои се преземаат во Република Македонија особено во делот на Пристапниот диијалог на високо ниво. Тој посебно се осврна на имплементацијата активностите во делот на клучните приоритети опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и ЕУ.
Cоговорниците разговараа за соработката меѓу двете земји при што заменик претседателот на Владата д-р Фатмир Бесими истакна дека соработката и билатералната поддршка преку развојните програми на Германија е од исклучителна важност за Република Македонија. Во тој контекст, вицепремиерот Бесими ја истакна неговата посветеност и подготвеност за натамошно продолжување на соработката во насока на поддршка за Република Македонија во патот кон Европската Унија, врз принципот на партнерство, на отвореност и конструктивност.
Амбасадорот Штајнакер нагласи дека Германија го поддржува членството на Република Македонија во евро-атлантските структури и изрази надеж дека Пристапниот дијалог ќе придонесе за понатамошно приближување на Македонија кон европските стандарди.
На крајот, соговорниците го потенцираа значењето за Република Македонија во овој период да покаже напредок кон започнувањето на преговорите со Европската Унија и унапредувањето на реформите со цел остварувањето на стратешките цели на Република Македонија.