Најави
вторник, 09 август 2016 09:13
Механизмот за поддршка на Европските интеграции е флексибилен механизам, наменет за зголемување на способностите на владините институции при подготовка на проектите. Проектите, пак, ќе бидат финансирани со средства од ИПА и/или сопствени средства на институцијата-корисник, и/или со помош од МФИ (Меѓународни финансиски институции).
Поконкретно, Механизмот за поддршка на Европските интеграции ќе обезбеди ад-хок, краткорочна или долгорочна помош, наменета за:
• Поддршка на земјата Корисник при подготвување на ефективни стратешки планови во разните секторски области, често проследени со подетални инвестициски стратегии;
• Поддршка на Националниот ИПА Координатор (НИПАК) при планирањето и програмирањето на проектите предвидени за ИПА - финансирање, преку помагање во консултациите со останатите учесници во процесот, како и советување во однос на подготовката на нацрт-Проектната документација.
• Обезбедување стручна помош при подготвување на тендерската документација за спроведувањето на проекти предвидени за ИПА - финансирање;
• Поддршка при изградба на неопходните капацитети и системи за понатамошна децентрализација;
• Подготовка на технички спецификации за проектите.
За средства од овој механизам можат да аплицираат сите државни институции како што се владините секретаријати, министерствата, државните агенции, директоратите, инспекторатите, ИПА структурата и други државни институции вклучени во планирањето на политиките и спроведувањето на обврските и мерките кои произлегуваат од релевантните стратешки документи (НПАА, Извештајот за напредок од ЕК, ЕРП и т.н.).
Повикот за аплицирање за овие средства е отворен од 15 август до 21 септември 2016 година и апликациите со пополнет Анекс 1 и пропратно писмо да се пратат на е-маил адресата euif@sep.gov.mk и во хартиена форма до архивата на СЕП.