Новости
вторник, 28 јануари 2025 10:47
Министерството за европски прашања информира дека во тек е регистрацијата на учесници на форумот за интер – регионална соработка во рамки на програмата Интерег Европа – Europe, let’s cooperate! Настанот воедно ќе одбележи 10 години од воспоставување на Платформата за учење на политики, а ќе биде одлична можност за вмрежување и размена на добри пактики со колеги од цела Европа.
На настанот може да се учествува со физичко присуство, или пак од далечина. Регистрацијата е отворена на следниот линк https://www.interregeurope.eu/event/europecooperates2025, се до пополнување на местата, односно најдоцна до 27 февруари, 2025 година.
Лицата кои ќе се регистрираат за учество задолжително да достават електронски информација до Министерството за европски прашања, до: Софче Крстиќ sofce.zafirovska@mep.gov.mk и Наталија Филиповска natalija.filipovska@mep.gov.mk.
Други настани во рамки на програмата Интерег Европа во претстојниот период:
· 2 февруари 2025 година – peer review (online) за Sustainable mobility in rural areas, Совет на округот Леитрим, Ирска. Само со покана.
· 6 февруари 2025 година – Storytelling training for the second call projects: Дел 1. Регистарацијата е отворена за проекти.
· 12 февруари 2025 година – peer review for Revitalisation of the city center, Општина Дуизбург, Германија. Само со покана.
· 12 февруари 2025 година – peer review for Strategy for employment and skills, Регион Бургоњ-Франција-Комте, Франција. Само со покана.
· 26 февруари 2025 година – тематска работилница за Building water resilience in times of floods and droughts во Мурсија, Шпанија. Регистрацијата е отворена.
· 27 февруари 2025 година – Storytelling training for the second call projects: Дел 2. Регистарацијата е отворена за проекти.
· 18 март 2025 година – Lead partner seminar for the third call projects во Краков, Полска. Регистрацијата е отворена за проекти.
Повеќе информации околу овие настани и можноста за учество на истите може да добиете од Министерството за европски прашања, на горенаведените контакти.