Јавни повици
четврток, 20 јуни 2024 01:38
Секретаријатот за европски прашања известува за отворениот 5-ти тематски повик за финансирање на проекти во рамки на Интерег Еуро-МЕД Програмата.
5-от тематски повик ќе биде отворен во периодот од 18 јуни до 26 септември оваа година. Истиот е наменет за поддршка на проекти во сите оперативни мисии на Програмата и треба да придонесе кон остварување на следните приоритети и специфични цели:
Мисија 1: Зајакнување на иновативна одржлива економија
Приоритетна оска 1: Поддршка на паметен Медитерански регион
Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени
Мисија 2: Заштита, обновување и подобрување на животната средина и природното наследство
Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени
Мисија 3: Промовирање на зелена животна средина
Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени
Мисија 4: Зајакнување на одржливиот туризам
Приоритетна оска 1: Поддршка на паметен Медитерански регион
Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Медитерански регион отпорен на климатски промени
Повикот е наменет за следниoт тип на тематски проекти:
Буџетот на ЕУ средства за овој повик изнесува околу 35 милиони евра, со кои ќе се финансираат 80% од прифатливите трошоци на одобрените проекти. Останатите трошоци (20%), кои не се покриени со ЕУ средства, треба да бидат обезбедени од национални извори за кофинансирање (јавни или приватни).
Потенцијални корисници на средства од повикот, во зависност од тоа на која мисија од Програмата проектот е фокусиран, се:
Во врска со овој повик, Секретаријатот за европски прашања најавува одржување на Информативен ден за што ќе бидат објавени дополнителни информации.
Детални информации за повикот може да се најдат на веб – страната на Интерег Еуро - МЕД програмата, на следниот линк: https://interreg-euro-med.eu/en/call-5-strategic-territorial-projects/
Контакт лице во врска со оваа Програма е Иван Деспотовски, емаил адреса: ivan.despotovski@sep.gov.mk.