Јавни повици
понеделник, 28 октомври 2024 03:09
Платформата за учење на политики на Интерег Европа, заедно со Министерството за економија и труд и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија организираат настан за зајакнување на капацитетите за развој на иновативни екосистеми кој ќе се одржи на 19 ноември 2024 година во Скопје.
На настанот ќе присуствуваат тематски експерти од Платформата за учење на политики на Интерег Европа кои ќе ги презентираат достигнувањата во оваа област, но и че ве насочат кон дополнителни добри практики кои ја поттикнуваат иновацијата, го промовираат економскиот раст и создаваат одржливи партнерства со поблиска и унапредена соработка меѓу универзитетите и индустријата.
Настанот е наменет за претставници од државните институции на земјата, вклучени во донесување одкуки во областа на развојот на иновативните екосистеми.
Регистрацијата е отворена до 5 ноември 2024 година на следниот линк на:
Агендата и повеќе детали се достапни на следниот линк:
Платформата за учење за политиките на Interreg Europe може директно да ги надомести трошоците за сместување и патување за ограничен број на учесници од земјите-кандидатки за ЕУ, при што рефундирањето на трошоци ќе биде понудено на принцип "прв пријавен, прв услужен".
Затоа, не двоумете се и регистрирајте се пред 5 ноември 2024 година!