Јавни повици
среда, 16 октомври 2024 01:00
Министерството за европски прашања информира дека во тек е првиот повик за проектни предлози во рамки на ИПА 3 Програмата за преку - гранична соработка Косово – Северна Македонија 2021-2027, со расположлив буџет од 3,240,000 (EUR). Истиот е отворен од 11 октомври, 2024 година и апликантите од двете држави своите заеднички предлог проекти ќе имаат можност да ги достават до 9 декември, 2024 година.
• Тематски приоритет 2 - Заштита на животната средина, адаптација и ублажување на климатските промени, превенција и управување со ризици;
• Тематски приоритет 8 - Конкурентност, бизнис средина и развој на мали и средни претпријатија, трговија и инвестиции;
Сите дополнителни детали може да ги најдете на официјалната веб страна на Европската комисија:
https://ec.europa.eu/international-partnerships/funding/looking-for-funding_en
https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/home
и на официјалната страна на програмата:
http://www.cbc-kosovo-northmacedonia.eu/
За овој повик за поднесување предлози следуваат две информативни сесии, на следниве датуми:
- 12 ноември 2024 година од 11:00 часот - Општина Урошевац, Косово;
- 14 ноември 2024 од 11:00 часот - Општина Чаир / Скопје, Северна Македонија.