Јавни повици
петок, 26 април 2024 08:21
Следејќи ја резолуцијата на Европскиот совет „Стратегија за млади на ЕУ 2019-2027 “ и „Манифестот за младите од младите во обликување на европската политика за соработка“, како и од утврдената потреба за поактивно вклучување на младите во одлучувањето и спроведувањето на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), земјите-учеснички во ЕУСАИР во рамки на албанското претседателство со Стратегијата одлучија да се формира Совет на млади на ЕУСАИР. Истото беше потврдено со усвојување на Декларацијата од Тирана во мај 2022 год.
Целта на Совет советот е да ги интегрира младинските ставови во ЕУСАИР, осигурувајќи дека иднината на нашиот регион ги одразува аспирациите и потребите на помлада генерација.
Советот на млади на ЕУСАИР ќе биде составен од млади луѓе на возраст од 18 до 29 години, и ќе служи како независно советодавно тело, носејќи свежи, иновативни идеи директно до структурите на управување на ЕУСАИР.
Оттаму, задоволство ни е да го најавиме отворањето на повикот за изразување на интерес за вклучување во Советот на млади и да ги поканиме сите заинтересирани млади луѓе од Северна Македонија кои се мотивирани да поттикнат промени и да воведат иновативни решенија за предизвиците со кои се соочува Јадранско-јонскиот регион да се пријават.
Повикот за пријавување е отворен до 27 мај 2024 година, 17:00 часот (CET).
Поединостите на повикот, како и самата пријава се достапни на следниот линк: https://www.adriatic-ionian.eu/youth-in-eusair/call-for-application-eyc/