Јавни повици
четврток, 25 април 2024 12:41
Информативната сесија за повикот за добри практики преку Интерег УРБАКТ IV програмата ќе се одржи во Центарот за обука на Секретаријатот за европски прашања на 14-ти мај 2024 год., во периодот 10.00-13.00 часот, во хибриден формат.
Вашето учество на информативниот ден можете да го пријавите најдоцна до 10-ти мај 2024 год. до крајот на работното време на следната адреса: Natalija.Filipovska@sep.gov.mk.
Агендата и линкот за приклучување кон овој хибриден настан ќе биде навремено споделен со регистрираните учесници.
Во повикот на УРБАКТ за добри практики, кој трае од 15-ти април до 30-ти јуни 2024 год., може да се предлагаат постоечки локални практики кои се влијателни, партиципативни, интегративни, релевантни за Европската унија и преносливи во други европски градови.
Градови од 27 земји- членки на Европската унија, земји партнери (Норвешка, Швајцарија), градови од земји кои се кориснички на Инструментот за претпристапување во ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), како и од Украина и Молдавија, се поканети да ги предложат своите добри практики. Избраните практики ќе бидат промовирани преку различни алатки за зголемување на видливоста, како и преку промотивни акции на УРБАКТ фестивалот на градови, кој се одржува во период 8-10 април 2025 год. во Вроцлав, Полска.
Детални информации за повикот, вклучувајќи и пристап до алатката за пребарување на проектни партнери се достапни на следниот линк https://urbact.eu/get-involved
На повикот можат да се пријават градови и други релевантни партнери од Северна Македонија.
Дополнително, Секретаријатот на УРБАКТ IV програмата организира серија информативни сесии со цел презентирање на различните аспекти на повикот со следниот распоред:
1) 25 април 2024, 10.00-11.00 ч., Онлајн информативна сесија: Повикот за добри практики накратко
2) 23 мај 2024, 10.00-11.00 ч., Онлајн информативна сесија: УРБАКТ Добри практики – можности за видливост за вашиот град!
3) 20 јуни 2024, 10:00-11:00 ч., Онлајн - информативна сесија: Како да ја пренесете вашата добра практика?