Новости
среда, 08 мај 2013 16:03
Се надевам дека имаме капацитет и храброст, што е можно побрзо да ги надминеме сите предизвици вклучувајќи го и отвореното прашање за името и да изнајдеме взаемно прифатливо решение за двете страни, со цел еден ден да бидеме дел од истото европско семејство затоа што не очекува иста иднина.
Ова денеска го изјави заменик претседателот на македонската Влада задолжен за европски прашања Фатмир Бесими по средбата со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.
- Со искрен, отворен приод, со добра волја можеме да изградиме доверба и да разговараме отворено за прашањата кои се пред нас и за предизвиците со кои се соочуваме за да ја постигнеме нашата зедничка цел, нагласи Бесими.
Тој информира дека на средбата е разговарано за европската перспектива на Македонија, за билатералната соработка на различни полиња и информира дека досега се одржани успешни и плодни состаноци на експертско ниво меѓу делегации од двете министерства за надворешни работи на кои се разговарало за важни прашања од ЕУ агендата.
- Денеска тука видов добра волја, надеж, пријателство и искрен пристап кон европската перспектива, рече Бесими и додаде дека европската перспектива, која е наша стратешка цел, е опција за зачувување на мирот и оджлива стабилност.
Тој на Аврамопулос му посака успешно претседателство на Грција со ЕУ наредната година и рече дека е „важно да се каже дека Грција е земја, која ја промовира таканарчената Агнда 2014 што е ветувачки приод за проширување на ЕУ со балканските земји“.
Аврамопулос рече дека разговарале за прашања што се однесуваат на ЕУ и начини како да продолжи и да се продлабочи соработката во контекст на европската интеграција и обезбедувањето техничко знаење што одамна е почнато меѓу двете земји.
- Сакам да ве потсетам дека Грција во преговорите за името е искрена. Убедени сме дека решавањето на прашањето ќе ослободи големи перспективи за соработка, која ќе биде од корист за двата народа, но и за целиот регион. Важно е додека траат преговорите под покривитество на ОН да преовладува умереност и воздржаност, изјави Аврамопулос.
Според шефот на грчката дипломатија, ваквите состаноци се многу корисни и конструктивни затоа што создаваат клима, атмосфера на доберба во односите меѓу двете земји.
(Извор: МИА)