Јавни повици
среда, 13 декември 2023 10:22
Секретаријатот за европски прашања во улога на Национално тело одговорно за спроведување на програмите за територијална соработка Интерег ИПА АДРИОН, Интерег Еуро-МЕД и Интерег УРБАКТ IV во програмскиот период 2021-2027 год., објавува повик за изразување на интерес за вршење контрола на прво ниво на проектите кои се финансираат преку споменатите програми.
Кандидатите кои ќе се пријават на овој повик и ги исполнуваат условите пропишани во т.8 Профил и квалификации од Проектната задача, и ќе бидат оценети согласно пропишаното во т.11 Критериуми за оценување на пријавите, ќе бидат вклучени во листата на контролори со кои Секретаријатот за европски прашања ќе склучи договор.
Избраните контролори ќе бидат дел од системот на контрола на прво ниво на проектите кои што проектните партнери ги спроведуваат на територијата на Република Северна Македонија во рамките на Интерег ИПА АДРИОН, Интерег Еуро-МЕД и Интерег УРБАКТ IV програмите, што е обврска пропишана во чл.46 од Регулативата (ЕУ) 2021/1059 на Европскиот парламент и на Советот од 24 јуни 2021 год. за специфичните одредби за целите за Европската територијална соработка (Интерег) поддржани од Европскиот фонд за регионален развој и инструментите за надворешно финансирање.
Повикот е отворен до 27.12.2023 год., деталите за работните обврски, потребните квалификации, како и начинот на аплицирање се дадени во документот во прилог.