Јавни повици
понеделник, 28 ноември 2022 08:00
Секретаријатот за европски прашања објавува Јавен повик за пријавување на сите заинтересирани граѓански организации за консултации за процесот на преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија.
Целта на овој повик е создавање на регистар/база на граѓански организации на кои Секретаријатот за европски прашања ќе може да смета во текот на процесот преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија и кои ќе може да ги известува континуирано и да ги консултира повремено за прашања поврзани со преговорите за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија.
Сите заинтересирани граѓански организации може да се пријават за една или повеќе области и поглавја од правото на Европската Унија за оние области и поглавја во рамки на нивното поле на делување, преку пополнување на електронска регистрациска форма достапна на следниот линк.
Право на пријавување имаат сите граѓански организации
Важно:
- Пријавувањето е исклучиво електронски преку пополнување на регистрациската форма.
- Пријавувањето на заинтересираните граѓански организации за вклучување во регистарот/базата на граѓански организации за консултации за процесот на преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија, не значи автоматски и учество во работата на работните групи за процес на преговори за подготовка на преговарачките позиции за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.