Интервјуа
среда, 20 јули 2022 08:34
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во изјавата за „Канал 5“, дадена веднаш по завршувањето на состанокот за отпочнување на скрининг процесот во Брисел изјави дека денес ги почнуваме официјално преговорите и дека сите лаги на опозицијата и на останатите паѓаат во вода, бидејќи преводот се одвивал на македонски јазик.
На прашањето дали е можна промена на Уставот и обезбедување на двотретинско мнозинство во услови кога опозицијата се изјавува дека нема да даде поддршка, вицепремиерот рече дека периодот на скринингот од 14 до 16 месеци дава доволно простор за отвoрање еден процес на дијалог во Собранието и дефинирање на улогата на Собранието во преговорите.
Мислам дека во процесот на скрининг ќе можат да се вклучат сите, да видат како тече. Ќе ги извадиме оние клучни документи, патокази за владеење на право, за реформи во јавната администрација, за демократски институции, акцискиот план за малцинства за да се увери јавноста и пратениците дека таму нема ништо спорно ниту ќе има нешто страшно. И на тој начин во еден дијалог да дојдеме до 2/3 мнозинство за промена на Уставот, истакна Маричиќ.
Според вицепремиерот Маричиќ јасно е дека доколку тоа не го направиме нема да можеме да одиме во следната фаза, бидејќи сега по отворањето на преговорите веќе е прашањето кој е за, а кој е против ЕУ, односно кој е за продолжување, а кој е за нивно запирање.