Новости
петок, 05 април 2013 13:28
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Д-р Фатмир Бесими денеска одржа средба со амбасадорот на Република Грција во Скопје Н.Е. Харис Лалакос.
Целта на состанокот беше да се разменат мислења и да се даде осврт на преземените мерки и активности од страна на Владата на Република Македонија во евроинтегративниот процес како и во делот на унапредување на добрососедските односи.
Заменик претседателот Бесими и амбасадорот Лалакос на средбата ја истакнаа важноста за напредокот на Република Македонија во евроинтегративниот процес и со цел понатамошно унапредување на овој процес изразија подготвеност за продлабочување на досегашната соработка помеѓу двете земји и нејзино интензивирање, преку билатералната соработка и соработката во делот на евроинтегративниот процес.
На средбата заменик претседателот на Владата д-р Фатмир Бесими и амбасадорот на Република Грција Харис Лалакос, искажаа подготвеност за понатамошно залагање за продлабочување на соработката помеѓу двете земји преку остварување на средби и контакти на сите нивоа.