Инструмент „Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ)
Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework-WBIF) е заедничка иницијатива на Европската комисија, билатерални донатори и меѓународни финансиски институции. Со оваа иницијатива е направен обид за спојување на средствата на ЕК, различните донатори и меѓународните финансиски институции (МФИ), во насока на финансирање на приоритетни инфраструктурни проекти во земјите од Западен Балкан.
WBIF се забележува како значителна поддршка за инвестиции за земјите во регионот во широк спектар на развојни сектори, вклучувајќи ги областите на енергeтика, животна средина, транспорт, социјална инфраструктура, дигитално поврзување и развој на приватниот сектор. Повиците за поднесување проектни предлози се организираат на редовна основа, обично два пати годишно (со рокови во февруари и септември). Проектите мора да бидат номинирани или одобрени од страна на Националниот ИПА координатор во соодветната земја. Проектите со регионално влијание помеѓу апликациите кои имаат предност при одлучувањето.
Начинот на аплицирање на повиците на Инвестициската рамка за Западен Балкан за грантови за техничка помош и инвестиции е согласно однапред утврдени правила и формулари. Во прилог се пакетот за аплицирање за грантови за техничка помош и инвестиции.
WBIF INV GAF & WBIF TA GAF
Пакетот содржи:
Формулари за аплицирање за грантови за техничка помош и инвестиции;
Водичи за аплицирање за грантови за техничка помош и инвестиции;
Попис на сите новини во начинот на аплицирање за грантови за техничка помош и инвестиции.
Подетални информации по однос на овој инструмент може да се добијат на следниот линк.
http://www.wbif.eu
Деталните информации за проектите на Северна Македонија во рамките на ВБИФ, како и информациите за проектите од другите земји кориснички може да се најдат на следниот линк: https://www.wbif.eu/wbif-projects
НИК MK
Национален Инвестициски Комитет (НИK) основан во 2015 година, е советодавно тело, кое транспарентно дискутира за стратешките инфраструктурни проекти со цел да се постигне поголема координација преку експертска размена на мислења на претставниците од Северна Македонија и меѓународните финансиски институции заинтересирани за финансирање инвестициски проекти во транспортот, енергијата, социјалната политика, животната средина и дигиталното поврзување.
НИК во Република Северна Македонија се организира на три нивоа и тоа:
Целокупно НИК ги има следните надлежности:
- НИК обезбедува политичка подршка на Единствената листа на проекти (ЕЛП).
- Неговите препораки и активности се базирани на Единствената листа на проекти (ЕЛП).
- Претставува клучна платформа за дискусија на отворени прашања и чекори поврзани со специфични проекти од ЕЛП
- Обезбедува комплементарност на различни извори на финансирање (Буџет, заеми грантова подршка) со цел да се постигне усогласен максимален ефект.
- Обезбедува усогласеност на ВБИФ со приоритетите од Економскиот и инвестициски план на Европската Унија за Западниот Балкан (ЕИП) во насока на финансирање на проекти од регионално значење и главни основни мрежи (core networks).
Економски и инвестициски план за Западен Балкан
Економскиот и инвестициски план на Европската унија за Западниот Балкан (ЕИП) беше презентиран на 6.10.2020 год., со основна цел да обезбеди механизам што ќе поттикне долгорочно економско закрепнување на регионот, поддршка на зелената и дигитална транзиција и поттикнување на регионалните интеграции и конвергенцијата со ЕУ.
Планот се базира на десет инвестициски цели (Flagships) за поддршка на главните патишта и железнички врски во регионот, обновлива енергија и премин од употреба на јаглен, реновирање на јавни и приватни згради за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на емисиите на стакленички гасови, инфраструктура за управување со отпад и отпадни води, како и инфраструктура за широкопојасен интернет. Другите цели вклучуваат зголемени инвестиции во приватниот сектор за зајакнување на конкурентноста и иновативноста, особено на малите и средни компании и Младинска гаранција.
ЕИП предвидува значителен инвестициски пакет, преку мобилизирање до 9 милијарди евра за финансирање на одржлива поврзаност, човечки ресурси, конкурентност и инклузивен раст, како и зелена и дигитална транзиција. Покрај значителното финансирање преку грантови, ЕУ може да обезбеди и гаранции за помош во намалување на трошоците за финансирање за јавни и за приватни инвестиции и за намалување на ризикот за инвеститорите. Со поддршката на новиот Гарантен инструмент за Западен Балкан (Western Balkans Guarantee Facility) се очекува мобилизирање на потенцијални инвестиции до 20 милијарди евра во оваа деценија.