.
Повеќе-корисничка ИПА програма
четврток, 05 март 2020 12:11
ИПА повеќе-корисничката програма помага во постигнување на целите кои се утврдени во Националните стратешки документи на различни начини. Во согласност со Повеќе-корисничкиот индикативен стратешки документ 2014-2020, Програмата обезбедува поддршка преку четири повеќе-кориснички канали кои се комплементарни на националните пакети:
A) Хоризонтална поддршка
Техничка поддршка, информирање и обука за националните институции на земјите корисници на ИПА II, преку инструментите ТАЕКс и Твининг.
На овој начин станува достапно практичното знаење на ЕУ и на меѓународните организации, нивните најдобри практики, вклучително и креирањето на политики базирани на докази (статистичка соработка), со што се помага во подобрувањето на формулирањето и спроведувањето на националните секторски политики и поврзаните секторски стратегии. Програмата исто така обезбедува поддршка за јакнење на граѓанското општество во регионот, за јакнење на слободата и независноста на медиумите, како и за градење на капацитети и промоција на мобилноста во високото образование и на младите луѓе, преку придонес во програмата Ерасмус+.
Б) Регионални структури и мрежи
Промовирање на регионалната соработка, вмрежувањето и споделувањето на најдобрите практики како поддршка на земјите корисници на ИПА II во нивната подготовка за членство во ЕУ, во усогласување на нивното национално законодавство со правото на ЕУ (acquis) и постепено приспособување со стандардите и практиките на ЕУ.
Поддршката преку овој канал ќе биде насочена кон иницијативи како:
В) Поддршка за регионални инвестиции
Програмата е насочена кон проекти со јасна регионална димензија, кои придонесуваат за социо-економскиот развој во повеќе од една земја корисник на ИПА II, со фокус на потребите за инвестиции во следните сфери:
· Конкурентност и деловно опкружување;
· Поврзување помеѓу корисниците на програмата и земјите од ЕУ;
· Заштита на животната средина и справување/приспособување кон климатските промени
Главни инструменти за оваа намена се:
· Инвестициска рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework);
· Зелен фонд за раст (Green for Growth Fund);
· Инструмент за развој на претпријатија и иновации во Западен Балкан (Western Balkan Enterprise Development and Innovation Facility);
· Европски фонд за Југо-источна Европа (European Fund for Southeast Europe);
· Регионална програма за домување (Regional Housing Programme).
Г) Територијална соработка
Промовирање на добрососедските односи и на регионалниот развој помеѓу и во пограничните региони преку програмите за прекугранична соработка, во рамки на регионот и со земјите од ЕУ, како и преку програмите за транснационална соработка и релевантните макрорегионални програми (стратегиите на ЕУ за Дунавскиот и Јадранско-јонскиот регион).
Усвоените ИПА повеќе-кориснички програми за периодот 2014-2020 и 2007-2013 се достапни на следниот линк:
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/instruments/multi-beneficiary-programme_en