.
ИПА 2021 - 2027
ИПА III е инструмент за претпристапна помош на Европската комисија за програмскиот период 2021-2027 година. Инструментот се воведува со секоја нова Финансиска перспектива на Европската Унија. Оваа генерација на ИПА се базира на научените лекции на претходните две генерации ИПА (2007-2013) и ИПА 2 (2014-2020). Република Северна Македонија во изминатите години беше и се уште е корисник на ИПА и ИПА II.
ИПА III се воведува со усвојување на Регулатива за воспоставување на Инструментот и Регулатива со правила и принципи за спроведување на ИПА III од страна на Европската Унија. Според структурата, ИПА III е поделена на 5 прозорци и 17 тематски приоритети и тоа:
Прозорец 1: Владеење на правото, фундмалентални прваа и демократија;
Прозорец 2: Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка коминикација;
Прозорец 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност;
Прозорец 4: Конкуретност и инлузивен раст;
Прозорец 5: Територијална и прекугранична соработка.
Во рамките на секој прозорец, предвидени се тематски приоритети и тоа:
Прозорец 1: Владеење на правото, фундаментални права и демократија
Правосудство;
Борба против корупција;
Борба против организиран криминал;
Миграција и управување со граници;
Фундаментални права;
Демократија;
Граѓанско општество.
Прозорец 2: Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка коминикација
Добро владеење;
Административни капацитети и усогласување на националното законодавство со европското законодавство;
Добрососедски односи и помирување;
Стратешка комуникација, мониторинг, евалуација и комуникациски активности.
Прозорец 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност
Животна средина и климатски промени;
Транспорт, дигитална економија и енергетика.
Прозорец 4: Конкуретност и инлузивен раст
Образование, вработување, социјална заштита и инклузивни политики и здравство;
Развој на приватен сектор, трговија, инстражување и иновации;
Земјоделство и рурален развој;
Рибарство.
Прозорец 5: Територијална и прекугранична соработка
Прекугранична соработка со ИПА земјите;
Учество во микро регионалните стратегии.
На 15.09.2021 година, Европскиот парламент и Советот ја усвоија Регулативата (ЕУ) бр. 1529/2021 за воспоставување на Инструментот за претпристапна помош (во натамошниот текст: „Регулативата за ИПА III“). Oвој документ претставува правна основа за обезбедување на финансиска помош за корисниците на ИПА III, во нивните напори за донесување и спроведување на политичките, институционалните, правните, социјалните и економските реформи кои се бараат заради усогласување со вредностите на Унијата и постепено усогласување со правилата, стандардите, политиките и практиките на Унијата, со цел членство во Унијата.
На 10 декември 2021 година, Комисијата ја донесе Имплементирачката одлука C(2021) 8914 за Програмската рамка за Инструментот за претпристапна помош за периодот 2021-2027. Во оваа Одлука се наведуваат целите и приоритетите на процесот на проширување во рамките на 5 темтски прозорци кои се финансираат преку Инструментот за претпристапна помош ИПА III.
На 15 декември 2021 година, Комисијата ја донесе Регулативата (ЕУ) бр. 2236/2021 за посебните правила за спроведување на Регулативата (ЕУ) 1529/2021 на Европскиот парламент и на Советот за ИПА III , со која ги утврдуваат применливите одредби за управување и контрола.
Согласно член 5 од Регулативата за посебните правила за спроведување на ИПА III, Комисијата и корисниците на ИПА III склучуваат рамковни спогодби за спроведување на помошта. Оттука произлегува потребата да се утврдат правилата за спроведување на финансиската помош од Унијата во рамките на ИПА III.
На 1 ноември 2022 година, врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издадоа Указ за прогласување на законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија застапувана од Владата на Република Северна Македонија за посебните постапки за спроведување на финансиска помош од Унијата за Република Северна Македонија според Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) во понатамошниот текст Рамковна спогодба за финансиско партнерство. Указот е објавен во „Службен весник на Република Македонија“бр.235 од 4 ноември 2022 година.
Најголема новина се т.н. зрели проекти. Ова се воведува за да се скрати долгиот период помеѓу програмирањето и спроведувањето. Оттука уште во фаза на програмирање се оценува зрелоста на проектите преку доставување на подготвени тендерски документи за истите, со што се докажува нивната зрелост.
Програмирањето ќе се спроведува во две фази.
Во првата фаза се подготвуваат Акциски фишеа каде што на краток начин се објаснуваат предложените проекти. Комисијата ги анализира овие фишеа од аспект на нивната релевантност.
Во втората фаза се подготвуваат Акциските документи, само за оние проекти која ја поминале првата фаза, односно целосно се елаборираат проектите кои пак од своја страна, Комисијата ги анализира од аспект на зрелоста. Веднаш по одобрувањето на овие Акциски документи, до Комисијата ќе се достават тендерските документи за проектите одобрени во двете фази.
Процесот на програмирање на стратешкиот документ и Акциските програми за 2021 и 2022 година, а и за сите наредни програмски години, се организира во рамките на постоечките секторски работни групи, воспоставени и функционални со воведувањето на ИПА II.
Се работи за 12 (дванаесет) секторски работни групи формирани во исто толку сектори, претседавани од ресорните министри.
Во текот на втората половина на 2020 година, секторските работни групи, под координација на Секретаријатот за европски прашања, развија и до Европската комисија доставија 22 акциски фишеа за Акциските програми за 2021 и 2022 година.
По проценката на релевантноста спроведена од страна на службите на Комисијата, сите предложени проекти преминаа во следната, втора фаза на проценка на зрелоста. Во моментов надлежните институции постапуваат по препораките на Европската комисија. Оттука, проектот/ите може да се претрпат промени во врска со буџетот, обемот и аранжманите за спроведување, при што ќе се финансираат само проекти што се сметаат за зрели.
Одлуката на Комисијата за усвојување на програмите се очекува до крајот на 2021 година за предложените проекти за 2021 година и за 2022 година за предложените проекти за 2022 година.
НИПАК секретаријатот во текот на декември 2020-март 2021 година ја координираше активноста за финализирање на стратешкиот одговор во рамките на ИПА III и акциските документи за 2021 година и на 17 март 2021 година достави 15 Стратешките одговори на ниво на 17 тематски приоритети и 7 (седум) Акциските документи за 2021 година. Акциските документи за 2021 година влегуваат во втората фаза на испитување на зрелоста на предложените проекти во службите на Европската комисија.
Акциските документи за Годишната акциска програма за ИПА 2021
На 16 декември 2021 година, Европска Комисија ја донесе Одлуката за Годишната акциска програма за 2021 година https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/system/files/2022-01/C_2021_9732_1_EN_ACT_part1_v4.pdf со следните акциски документи:
IPA 2021 AD for “EU for Rule of Law and Anti-corruption”
IPA 2021 AD for “EU against organized crime, in support of trade”
IPA 2021 AD for “EU Integration Facility”
IPA 2021 AD for “EU for Environmental Standards and Clean Air”
IPA 2021 AD for “EU for Prespa
IPA 2021 AD for “EU for Green Economy”
На 5 декември 2022 година, Европска Комисија ја донесе Одлуката за Годишната акциска програма за 2022 година COMMISSION IMPLEMENTING DECISION of 5.12.2022 on the financing of the annual action plan in favour of the Republic of North Macedonia for 2022 со следните акциски документи:
IPA 2022 AD for EU for Improved Border and Migration Management
IPA 2022 AD for EU for Modern Public Administration
IPA 2022 AD for EU Integration Facility
IPA 2022 AD for EU for Modern Wastewater Systems
IPA 2022 AD for EU for Improved Health, Social Protection and Gender Equality
Акциски документи за Годишната акциска програма за 2022
На 15 јули 2022 година, НИПАК ги достави до Европска Комисија Акциските фишиња за годишната акциска програма за 2023 година за кои ќе следи проценка на релевантност од службите на Европската Комисија и исто така беше доставен ревидираниот стратешки одговор за ИПА 3.
IPA 2023 AF EU FOR ECONOMIC COHESION
IPA 2023 AF EU INTEGRATION FACILITY
IPA 2023 AF EU FOR FUNDAMENTAL RIGHTS
IPA 2023 AF EU FOR ENHANCED SECURITY AND FIGHT AGAINST ORGANIZED CRIME, TERRORISM AND RADICALISATION
IPA 2023 AF EU FOR AN IMPROVED HEALTH CARE SYSTEM
IPA 2023 AF EU FOR REFORMS AND RESILIENCE
IPA III STRATEGIC RESPONSE UPDATED_15 07 2022 EUD FINAL
Во октомври 2022 година, при официјалната посета на Урсула Фон Дер Лејен, Претседателката на Европската комисија беше најавена поддршка за адресирање на последиците од енергетската криза, па оттука буџетот за 2023 година од ЕУ во износ од 80 милиони евра се искористи за потребите на Владата на Република Северна Македонија во енергетскиот сектор.
Во декември 2022 година Европската комисија ја донесе одлуката за финансирање на Акциски план за Западен Балкан за поддршка на енергетскиот сектор
Во декември беше потпишана финансиската спогодба за Акцискиот документ за државна помош за отпорност
Исто така, во декември 2022 година, Европската комисија ги достави резултатите од проценката на релевантност за доставените акциските фишеа, согласно кои планираните акциски фишеа за 2023 година се префрлуваат за финансирање во буџетот за 2024 година. Дополнително, беа дадени насоки за подготовка на секторски оперативни програми за секторите транспорт, животна средина и социјала.
На 7 април 2023 година, со цел спроведување на проценка на зрелост од страна на службите на Европската комисија, НИПАК ги достави до ЕК, следните акциски документи за ИПА 2024 Годишната акциска програма:
IPA 2024 Action Document EU for Health
IPA 2024 Action Document for EU for Economic Cohesion
IPA 2024 Action Document for EU for Enhanced Security
IPA 2024 Action Document for EU for Fundamental Rights
IPA 2024 Action Document for EU Integration Facility
И следните акциски фишеа за Секторските оперативни програми за секторите животна средина, социјала и транспорт, за кои Европската комисија треба да спроведе постапка за оценка на релевантноста:
SECTORAL OPERATIONAL PROGRAMME Environment
SECTORAL OPERATIONAL PROGRAMME Transport
Втората фаза на програмирање на Секторските оперативни програми предвидува подготовка на целосни Секторски оперативни програми согласно урнеци подготвени од страна на ЕК. Оваа фаза се однесува на оценка на зрелоста на програмите/проектите. Исто така во рамките на фазата на програмирање се пополнуваат урнеците за големи инфраструктурни проекти (МПА) за проекти над 15 милиони евра) и урнеци за листа за идентификување на операции (ОИС) за сите останати проекти.
IPA III Major Project Applications template
IPA III Operation Identification Sheet model
Во ноември 2023 година, НИПАК ја достави до Европска комисија ИПА 2024 Годишната акциска програма, во рамките на која влегуваат следните акциски документи:
Исто така, во ноември 2023 година НИПАК ги достави до Европската комисија Секторските оперативни програми за транспорт, животна средина и вработување и можности, за спроведување на постапката за проценка за зрелост од страна на службите на Европската комисија.
ENVIRONMENT
SOCIAL
IPA III OP JOBS procurement, disbursements and commitments (excel)
Overview of EC comments and responses OP Jobs and Opportunities
TRANSPORT
На 6 ноемри, НИПАК ги достави до Европската комисија првите нацрт верзии на ИПА III програмските документи за периодот 2025-2027 и ревидиран Стратешки одговор за периодот 2025-2027 ИПА III. Согласно насоките od Европската комисија за “light programming”, интервенциите кои беа планирани имаат општи формулации, а согласно годината во која секторите ќе бидат селектирани за финансика поддршка, ќе се разработуваат деталните програмски документи и ќе се прецизираат интервенциите. Секторите кои беа подобни за финансиска поддршка веќе беа нотирани од страна на Европската комисија и истите се во согласност со приоритетите дефинирани во Реформската агенда. Во продолжение програмските документи кои беа доставени до ЕК:
AD EU for Modern Education and Skills.pdf
AD EU Integration Facility.pdf
ANNEX 1 List of strategies.pdf
IPA 2025-2027 Strategic Response.pdf
Европската комисија ја усвои новата ИПАРД 3 програма, со првиот повик годинава обезбедени 35 милиони евра за земјоделците
Со одлука на Европската комисија од 9 март 2022 година а објавена на 28 март 2022 година, усвоена е ИПАРД III програмата на Република Северна Македонија за периодот 2021-2027 година. ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 е програма која овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој. Ова е нова Програма, со нови мерки кои значат нови инвестиции за модернизација на македонското земјоделство. ЕК ја препознава посветеноста на нашата држава за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД програма (нашата држава е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД) и буџетот за оваа ИПАРД 3 се очекува да биде за 60 отсто поголем од ИПАРД 2.
Инвестициите кои ќе бидат поддржани од ИПАРД III програмата се однесуваат на набавка на опрема и машини, изградба и реконструкција на објекти, рурален туризам и др. Крајната цел на овие инвестиции е, пред сè, постигнување европски стандарди во областа на хигиената, безбедноста на храната, благосостојбата на животните и заштитата на животната средина, зајакнување на земјоделците да пласираат производи на пазарот на ЕУ, како и подготовка за користење на европските фондови за домашните земјоделци и преработувачи да бидат достапни при пристапувањето во ЕУ.
Мерки кои ќе бидат поддржани од ИПАРД III програмата за периодот 2021 – 2027 година се :
Мерка 1: Инвестиции во физички средства на земјоделските стопанства;
Мерка 3: Инвестиции во физички средства поврзани со преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи;
Мерка 4: Агроеколошко-климатски мерки и мерки на органско производство;
Мерка 5: Имплементација на стратегии за локален рурален развој – LEADER пристап;
Мерка 6: Инвестиции во рурална јавна инфраструктура;
Мерка 7: Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизнисот
Мерка 9: Технички и советодавни услуги во земјоделството.
Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 за Република Северна Македонија се очекуваат многубројни придобивки како на пример:
подобрување на стандардот на земјоделците,
подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност,
зголемување на вработеноста во руралните средини,
подобрување на ветеринарните стандарди и унапредување и заштита на животната средина.
За разлика од минатите години, сега во новата ИПАРД 3 програма подигнат е прагот на минималната вредност на инвестициите и тоа наместо досегашните 3.000 евра минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција, сега ќе биде 10.000 евра. Новина во ИПАРД 3 ќе биде предфинансирањето на инвестициите. Конкретно, секој еден корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто предфинансирање со самото склучување на договорот за проектот.
Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра. Вкупната финансиска поддршка која ќе се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
Новина е и тоа што како корисник на ИПАРД средствата ќе може да се јави т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија. Тоа може да се задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација.
Во новата ИПАРД 3 има мерка и за Локалните акциски групи. Со мерката „Спроведување на стратегии за локален економски развој – ЛИДЕР пристап“ ќе се финансира работата на Локалните Акциски Групи (ЛАГ-ови) кои постојат во земјата, како и проекти од помал обем на ЛАГ-овите кои се дел од нивните стратегии за локален економски развој. Поддршката за функционирање на ЛАГ-вите е важна од аспект за развој на руралните средини. Исто така од големо значење се и мерките за органско производство, и за советодавни услуги во земјоделството.
EU INSTRUMENT FOR PRE-ACCESSION (IPA) RURAL DEVELOPMENT PROGRAMME 2021-2027
Во јуни 2023 година, Европската комисија ја усвои првата измената на ИПАРД III Повеќегодишна програма за рурален развој за периодот 2021-2027 година
https://ipard.gov.mk/wp-content/uploads/2023/04/IPARD-PROGRAMME-2021-2027-eng.pdf
Во февруари 2023 година беше склучена Секторската спогодба, помеѓу Европската комисијата и Северна Македонија со која се надополнува Рамковната спогодба за финансиско партнерство и вклучува конкретни одредби за управување и спроведување на финансиската помош на Унијата за Северна Македонија во рамките на ИПАРД III Програмата.
Во јуни 2023 година, Европската комисија ја усвои втората измената на ИПАРД III Повеќегодишна програма за рурален развој за периодот 2021-2027 година.
ИПА програми за прекугранична соработка
Програмите за преку-гранична соработка ИПА III за периодот 2021-2027, помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија, Косово и Албанија се усвоени од страна на Европската комисија. По овие програми ќе се поддржи имплементацијата на проекти во согласност со тематските приоритети на соодветните програми.
Програмите за преку-гранична соработка поддржуваат проекти кои што се насочени кон подобрување на условите за вработување, особено на младите, подобрување на соработката меѓу бизнисите, во областа на образованието, проекти кои што имаат за цел да ја намалат социјалната исклученост, како и проекти кои што ги активираат природните и културните потенцијали на регионот и придонесуваат за развој на туризмот.
Сите три програми за прекугранична соработка се спроведуваат преку т.н. повици за проекти а деталите околу повиците се објавуваат на веб страната на Министерството за локална самоуправа.
Поконкретни детали за секоја од програмите во продолжение:
ИПА Преку-гранична соработка Северна Македонија – Србија 2021-2027
Програмата за Преку-гранична соработка Северна Македонија – Србија 2021-2027 ИПА III беше усвоена со одлука на Европската Комисија на 03.06.2022 година.
Истата ќе се спроведува во рамките на Инструментот за претпристапна помош 2021-2027 година (ИПА III) со цел промовирање на добрососедски односи, поттикнување на интеграцијата во Унијата и промовирање на социо-економскиот развој преку заедничките локални и регионални иницијативи.
Општа цел на програмата: Да се придонесе на социјалниот, економскиот и територијалниот развој на пограничната област на програмата преку подобрување на социјалната, културната вклученост и здравјето, преку развивање на одржлив туризам
Програмската област ги опфаќа следните региони:
Северна Македонија: Северо-источниот плански регион
Република Србија: Областa Јабланица и Пчиња
Програмата ќе се спроведува согласно следните тематски кластери, тематски приоритети и сепцифични цели:
Tематски приоритет 0: Техничка помош
Специфична цел 1: Ефикасно, ефективно, транспарентно и навремено спроведување на програмата за прекугранична соработка, како и подигање на свеста за програмата меѓу националните, регионалните и локалните заедници и населението во подобните програмски области
Тематски Кластер 1: Подобрени можности за вработување и социјални права
Тематски Приоритет 1: Вработување, мобилност на работната сила и социјална и културна вклученост преку границите
Спцифична цел: Подобрување на здравјето и социјалната и културната вклученост
Тематски кластер 4: Подобрена деловна средина и конкурентност
Тематски Приоритет 5: Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство;
Специфична цел: Унапредување на културното и природното наследство за одржлив развој на туризмот
Вкупната вредност на програмата изнесува 9.734.117, 65 евра, од кои ЕУ финансира 8.400.000 евра.
Action Document CBC North Macedonia –Serbia for 2021-2027
Commission Implementing Decision CBC North Macedonia –Serbia for 2021-2027
ИПА Преку-гранична соработка Северна Македонија – Албанија 2021-2027
Програмата за Преку-гранична соработка Северна Македонија – Албанија 2021-2027 ИПА III беше усвоена со одлука на Европската Комисија на 19.05.2022 година.
Истата ќе се спроведува во рамките на Инструментот за претпристапна помош 2021-2027 година (ИПА III) со цел промовирање на добрососедски односи, поттикнување на интеграцијата во Унијата и промовирање на социо-економскиот развој преку заедничките локални и регионални иницијативи.
Општа цел на програмата: Да се промовираат добрососедските односи, да се поттикне интеграцијата во Унијата и да се придонесе за социјален, економски и територијален развој на програмската прекугранична област преку подобрување на заштитата на животната средина и развивање на одржлив природен и културен туризам.
Програмската област ги опфаќа следните региони:
Северна Македонија: Пелагониски регион, Полошки регион и Југо-источен регион
Албанија: Регионите на Дибра, Елбасан и Корча
Програмата е изградена врз основа на следните тематски кластери, тематски приоритети и специфични цели:
Tематски приоритет 0: Техничка Помош.
Спцифична цел: Ефикасно, ефективно, транспарентно и навремено спроведување на програмата за прекугранична соработка, како и подигање на свеста за програмата меѓу националните, регионалните и локалните заедници, и севкупното населението во подобните програмски области
Тематски кластер 2: Позелена и зголемена ефикасност на ресурсите
Тематски приоритет 2: Заштита на животната средина, адаптација и ублажување на климатските промени, превенција и управување со ризик
Специфична цел 1: Зголемени капацитети на јавните служби кои се справуваат со непогоди.
Специфична цел 2: Подобрена заштита на животната средина на прекуграничниот регион
Тематски Кластер 4: Подобрено деловно опкружување и конкурентност
Tематски приоритет 5: Туризам и културно и природно наследство;
Специфична цел 1: Зајакнување на туризамот поврзан со природното и културното наследство во програмската област
Специфична цел 2: Зајакнување на културолошката соработка, заштита и унапредување на културното и природното наследство
Вкупниот буџет на програмата изнесува 13 790 000 евра од кои, придонесот на Европската унија изнесува 11 900 000 евра.
Action Document CBC North Macedonia –Albania for 2021-2027
Comission Implementing Decision CBC North Macedonia –Albania for 2021-2027
ИПА Преку-гранична соработка Северна Македонија – Косово 2021-2027
Програмата за Преку-гранична соработка Северна Македонија – Косово за периодот 2021-2027 беше усвоена со одлука на Европската Комисија на 23.05.2022 година.
Истата ќе се спроведува во рамките на Инструментот за претпристапна помош 2021-2027 година (ИПА III) со цел промовирање на добрососедски односи, поттикнување на интеграцијата во Унијата и промовирање на социо-економскиот развој преку заедничките локални и регионални иницијативи.
Општа цел на програмата: Да се промовираат добрососедските односи, да се поттикне интеграцијата во Унијата и да се придонесе за социјален, економски и територијален развој на програмската прекугранична област преку заштитата на ресурсите, конкурентноста и развојот на бизнисот.
Програмската област ги опфаќа следните региони:
Косово: Источен економски регион и јужен економски регион.
Северна Македонија: Полошки регион, Северо-источен регион и Скопскиот регион.
Програмата е изградена врз основа на следните тематски кластери, тематски приоритети и специфични цели.
Tематски приоритет: Техничка помош
Спцеифична цел 1: Ефикасно, ефективно, транспарентно и навремено спроведување на програмата за прекугранична соработка, како и подигање на свеста за програмата меѓу националните, регионалните и локалните заедници, и севкупното населението во подобните програмски области
Тематски кластер 2: Позелена и зголемена ефикасност на ресурсите
Тематски приоритет 2: Заштита на животната средина, адаптација и ублажување на климатските промени, превенција и управување со ризик
Специфична цел 2.1: Прекуграничната област е еколошки поодржлива
Tематски кластер 4: Подобрена деловна средина и конкурентност
Tематски приоритет 8: Подобрување на конкурентноста, деловно опкружување и развојот на мали и средни претпријатија, трговијата и инвестициите
Специфична цел 1.1: Зголемено ниво на прекугранична трговија и туристички услуги
Специфична цел 1.2: Зголемено вработување/број на отворени нови бизниси
Вкупниот буџет на програмата изнесува 9 734 117.64 евра, од кои придонесот на Европскaта унија изнесува 8 400 000 евра.
Action Document CBC North Macedonia –Kosovo for 2021-2027
Comission Implementing Decision CBC North Macedonia –Kosovo for 2021-2027
Со цел продолжување на секторскиот пристап во работата на Секторските работни групи кој започна со ИПА II, Канцеларијата за поддршка на Националниот ИПА координатор подготви календар на одржување на состаноците на Секторските работни групи за 2022 година, кој е предвиден да се реаlизира во два циклуси (првиот во март-април и вотриот во септември 2022 година). Состаноците на СРГ ќе имаат за цел обезбедување дијалог за спроведување на политиките, стратешките приоритети, национални програми, со цел обезбедување на оддржливо и долгорочно планирање на националните приоритети и финансиската поддршка на ЕУ.
2022 Календар на пленарни состаноци на Секторски работни групи
2023 Календар на пленарни состаноци на Секторски работни групи
2024 Календар на пленарни состаноци на Секторски работни групи
Joint IPA Monitoring Committee and Sector Monitoring Committees 2023
IPA Annual Implementation Report for 2022
Календар за ИПА мониторинг Комитет и Секторски мониторинг комитети за 2024 година