.
Пристапни преговори - Одржување на консултативни средби
вторник, 19 декември 2023 12:21
Секретаријатот за европски прашања продолжува со процесот на широка консултација со засегнатите страни за изготвување на патоказите за:
1) владеење на правото и
2) реформа на јавната администрација,
кои согласно Преговарачката рамка за Северна Македонија усвоена од Советот на ЕУ, на 18 јули 2022 година претставуваат одредници за отворање на Кластерот 1 – Фундаментални вредности, веднаш по затворањето на првата Меѓувладина конференција со која започнаа пристапните преговори на 19 јули 2022 година. Воедно СЕП отвора консултативен процес за Реформската агенда 2024-2027, која што Владата треба да ја подготви и поднесе до Европската комисија, а во врска со новиот План за раст за Западен Балкан, подготвен и објавен од Европската комисија на 8 ноември, 2023 година.
Патоказите се очекува да ja рефлектираaт визијата и консензуалната политичка заложба на државата за спроведување на суштински реформи во конкретните области и поглавја, со што се обезбедува цврста правна и институционална рамка, соодветни ресурси и ефикасно спроведување на законодавството за јакнење на институциите и системот на управување, како и унапредување на демократското функционирање на општеството, во периодот до 2030 година.
Со цел инклузивност и транспарентност на процесот и обезбедување квалитетна изработка на патоказите, Секретаријатот за европски прашања ги поканува претставниците на академската заедница, граѓанските организации и стопанските комори даподготват и достават, секој од својот делокруг, пишан придонес за изработка на финалните верзии на двата патокази. Напоменуваме дека двата патокази се работени според соодветни насоки од стручните служби на Европската комисија и ги рефлектираат Скрининг извештајот за Кластерот 1 Фундаментални вредности, како и соодветниоте насоки и заклучоци. Замолуваме за ваши коментари, што очекуваме да ни ги доставите, согласно структурата на патоказите достапни на долунаведените линкови, најдоцна до 20 декември 2023 година, до 16.00 часот на е-маил адресата на СЕП: pokani@sep.gov.mk.
На следните линкови може да ги погледнете потребните документи:
Во рамки на консултацискиот процес, по потреба, ќе бидат организирани и консултативни средби со засегнатите страни.
Цениме дека вградувањето на знаењето, анализите и ставовите на сите општествени члинители се исклучително важни во дефинирањето на приоритетите за реформските зафати во секоја од областите кои се опфатени со овие два патокази.