.
ПРОЦЕС НА ПРЕВЕДУВАЊЕ
При извршување на својата главна цел, Секторот за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ (acquis) има воспоставено методи, стандарди и процедури во процесот на преведување на правните акти на ЕУ, правните акти на Република Северна Македонија и на други документи од значење за процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.
Секторот практикува утврдена методологија за работа преку соодветни прирачници и упатства за процесот на подготовка на националната верзија на acquis и за преведување на националното законодавство на еден од официјалните јазици на ЕУ, а горенаведените функции ги врши согласно Упатството за постапување при превод на правни акти и други документи од страна на Секретаријатот за европски прашања- Сектор за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ.
За да може Секторот да одговори на потребите на процесот во идниот период и заради непречено одвивање на процесот на транспонирање на правото на ЕУ во националното законодавство, во август 2019 година, беше донесена Одлука за отпочнување на постапка за јавна набавка на Услуги за подготовка за националната верзија на правото на ЕУ. За периодот 2021 година, Владата на Република Северна Македонија одвои средства во висина од 16.343.153,00 денари (без ДДВ). По успешно спроведената јавна набавка, на 22.1.2021 година, Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Никола Димитров потпиша Рамковна спогодба со 15 агенции за превод. Во овој потфат се опфатени повеќе од 100 преведувачи/јазични ревизори и лектори, кои ќе работат на превод, јазична ревизија и лектура на правните акти на ЕУ.
Подносител на барање
СЕП односно раководителот на Секторот за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ (acquis) постапува кон планирање на преводот само доколку барањето се однесува на: • правни акти на Европската Унија • секундарното законодавство на Европската Унија: регулативи, директиви, одлуки, препораки и мислења • правни акти на Република Северна Македонија • документи од важност за процесот на европска интеграција • Одделението за преведување и координација на процесот на преведување е задолжено за превод на актите и документите • Одделението за ревизија и терминологија е задолжено за јазична ревизија на преводите на актите и документите
Подготвениот допис со одговор за барањето за превод се испраќа до подносителот на барањето во писмена или електорнска форма.
Сектор за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ (acquis)
Економски оператори
СЕП, Сектор за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ (acquis)