Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Информатичко општество и медиуми

Во рамки на Поглавјето 3.10 Информатичко општество и медиуми се опфатени областите: електронски комуникации, услуги на информатичко општество и аудиовизуелна политика. Во областа на информатичко општество и медиуми, целта е да се обезбеди правилно спроведување на новото донесено законодавство за електронски комуникации и аудиовизуелни медиумски политики. Во делот на електронските комуникации, законодавството на ЕУ има за цел елиминирање на пречките за ефективно работење на внатрешниот пазар во телекомуникациските услуги и мрежи, заштита на интересите на потрошувачите и обезбедување на достапност на современи услуги. Во областа на услугите на информатичко општество, особено се опфатени услуги за електронска трговија и аудиовизуелни услуги. Европските политики во делот на аудиовизуелни прашања се обезбедувањето на европската културна и медиумска разновидност, како и зголемување на европската филмска продукција.

Мени за пристапност