Најави
петок, 29 октомври 2021 09:01
Шестото издание на Неделата на Медитеранскиот брег и макро-регионалните стратегии 2021 година ќе се одржи виртуелно, во заедничка организација на Северна Македонија и Словенија, во два временски термини: 9-11 и 22-23 ноември 2021 година.
Овогодинешниот настан добива нова димензија. Традиционалниот аспект на добросостојбата на морињата и нивната околина се проширува, целејќи кон унапредување и зајакнување на соработката помеѓу земјите од Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион. Намерата е исто така и да се подобри видливоста на Стратегијата во регионот и пошироко, да се подигне на повисоко ниво разбирањето на нужноста за соработка во заедничкиот регион, како единствен начин за изнаоѓање на соодветни решенија и градење на подобра заедничка иднина.
Неделата на Медитеранскиот брег и макро-регионалните стратегии ќе собере на едно место политичари, носители на одлуки, експерти, граѓанското општество и заинтересираната јавност од сите нивоа - локално, регионално, национално и меѓународно.
Во промоција на заедничките активности, домаќини на случувањата ќе бидат Словенија и Северна Македонија, која е најмладата земја-учесничка во Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион.
Нацрт-програмата за Неделата е достапна на следниот линк:
Подетални информации за Неделата ќе бидат споделени во текот на следните недели, на страната посветена на настанот: