Новости
понеделник, 01 април 2013 12:23
Денес заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими се сретна со Амбасадорот на Република Унгарија Н.Е. Јожев Бенце.
На средбата помеѓу заменик претседателот Бесими и амбасадорот Бенце се истакна успешната билатерална соработка помеѓу двете држави, потврдени од серијата на посети на високи претставници од двете земји во изминатиот период.
Амбасадорот Бенце ја потври заложбата на Унгарија за целосна поддршка на европската интеграција на Република Македонија. Во тој контекст, соработката на политичко ниво треба да биде проследена со блиска соработка помеѓу државните институции од двете земји преку пренос на искуства во различни области во процесот на пристапување во Европската Унија, нагласи амбасадорот Бенце.
Во тие рамки истакната е и взаемната подготвеност за продлабочување на економската соработка на Република Македонија со земјите од Вишеградската група, каде припаѓа и Унгарија, при што амбасадорот нагласи дека од јули 2013 Унгарија го презема претседателството со вишеградската група и разгледаа можности за размена на искуства за нивниот модел во западниот Балкан.
На крај соговорниците се договорија за остварување на почести средби на високо ниво во пресрет на објавувањето на Пролетниот Извештај на Европската Комисија и одржувањето на Советот на ЕУ.