Новости
среда, 16 март 2016 15:05
На 11 март се одржа четиринаесеттата сесија на ПОЛИТЕА на која учествуваше Државниот Секретар во Секретаријатот за Европски Прашања, Ана Блажеска како гостин предавач. Темата на оваа сесја беше „Европски перспективи за личен, професионален и кариерен развој“.
Сесијата се состоеше од два дела од кои во првиот дел на сесијата учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност да се запознаат со кариерниот развој на гостинката и искуствата кои и помогнале во градењето на кариерата.
Учесниците на ПОЛИТЕА добија корисни совети за можностите кои ги отвара усовршувањето во странство, како и предностите кои ги создава вмрежувањето во процесот на реализација на професионалните и кариерните планови.
Вториот дел на сесијата беше посветен на Евро-интеграциските процеси на Република Македонија и улогата која во тој процес ја има Секретаријатот за Европски Прашања.
Учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност да се запознаат со методологијата за превземање и спроведување на европските норми и улогата која Секретаријатот за Европски Прашања ја има во процесот на распределба на средствата кои на Република Македонија и стојат на располагање преку програмите за поддршка во развојот од Европската Унија.
Еден дел од дискусијата се осврна на актуелната бегалска криза и позицијата на Македонија како земја на „Балканската рута“ која не е членка на Европската Унија, но во координација со останатите држави имплементира политики кои се креираат на Европско ниво.