Најави
вторник, 08 март 2016 13:00
Амбасадата на Јапонија во Виена потпиша пет грант договори кои ќе обезбедат вкупна сума од 302.020 евра помош за пет проекти во Македонија, и тоа :
1. Проект за реновирање на подрачното основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ во село Горни Подлог во Општина Кочани
2. Проект за реновирање на Здравствена станица во село Двориште во Општина Берово
3. Проект за подобрување на управувањето со цврст отпад во Општина Кривогаштани
4. Проект за рехабилитација и обнова на медицинска опрема во Општа болница Гевгелија
5. Проект за подобрување на управувањето со цврст отпад во Општина Куманово