Новости
понеделник, 22 февруари 2016 12:34
Денес во Косово беше потпишан договор за соработка во областа на европските интеграции од страна на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Фатмир Бесими и Министерот за европски интеграции на Косово, м-р Беким Чолаку.
Меморандумот ја потврдува европската перспектива во двете земји и ги зајакнува билатералните односи и промовира континуирана соработка од заеднички интерес. За време на средбата, Вицепремиерот Бесими ја истакна важноста на регионалната соработка за размена на искуства во областа на европската интеграција, како размена на информации и знаење за усвојување на европското законодавство и негово спроведување по поглавја.
Македонија и Косово досега имаат потпишано има над 30 договори за соработка. Последниот договор кој е потпишан меѓу двете земји ги поедностави граничните процедури за преминување на границата со биометриска лична карта, со кој се потврдува меѓусебната соработка и приближување на граѓаните.
Меѓу другото се истакна и важноста на искористувањето на европските фондови од програмата за прекугранична соработка ЦБЦ каде за програмата 2007 – 2013 до сега се искористени, 1,290,910 за проекти кои се веќе во фаза на имплементација додека за програмата ЦБЦ 2014 – 2020 на располагање се 8,400,000 евра.
Соговорниците ја поздравија оваа иницијатива, потврдувајќи ја уште еднаш добрата соработка меѓу земјите. Вицепремиерот Бесими на крајот од средбата му посака на Министерот Чолаку поскоро реализирање на визната либерализација со европските земји која е од особено значење за земјата на нејзиниот пат кон приближување до европското семејство.