Новости
петок, 19 февруари 2016 16:43
Денес во просториите на МК-ЕУ Инфо центарот во 14:00 часот, Секретаријатот за европски прашања во соработка со шпанската амбасада го одржаа настанот “Европската Унија во Македонија“: Дестинација Шпанија-спорт.
Вицепремиерот за европски прашања д-р Фатмир Бесими, заедно со Амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Н.Е Рамон Абароа Каранза во амбиент на прекрасните звуци на шпанската музика во неформален разговор споделија македонско-шпански вредности, спортски искуства заедно со гостите на настанот, Раул Гонзалес, Алекс Душјебаев, Хорхе Македа и идните надежи на македонскиот ракомет од РК Вардар.
Во своето обраќање вицепремиерот Бесими, истакна дека основната цел на овој настан е промовирање и приближување на вредностите на ЕУ и нејзините земји членки до граѓаните на Република Македонија и дека ваквите настани преставуваат уште една потврда дека тие се наши вистински пријатели и искрено ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во Европската Унија.
Проектот "Европската унија во Република Македонија" е дел од ЕУ Агендата на Секретаријатот за европски прашања, кој започна во 2014 година и ќе продолжи да се спроведува во соработка со амбасадите на земјите- членки на Европската унија во Република Македонија.