EU talks
четврток, 04 февруари 2016 17:38
Секретаријатот за европски прашања организира дискусија со младински организации во рамките на проектот „ЕУ Разговори“.
Настанот ќе се одржи во МК-ЕУ Инфо Центарот на СЕП (на плоштад Македонија) утре, 5.2.2016 година, со почеток во 12:00 часот.
Дискусијата ќе ја води Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Фатмир Бесими со младинските организации кои се регистрирани на повикот на Секретаријатот „Отворено со граѓанскиот сектор“.Тема на дискусијата ќе биде „Младите- креатори на Европските вредности во Македонија“.
Вицепремиерот Бесими ќе даде изјава за медиумите непосредно пред настанот, а ќе можете да снимите и кратки инсерти од истиот.