EU talks
вторник, 14 април 2015 12:41
Датум: 17 април (петок)
Времетраење:10.00 - 12.00ч.
Домакин:Заменик претседател на Владата на Република Македонија д-р Фатмир Бесими со вклучесност и стручни претставници од Секретаријатот за европски прашања.
Учесници:претставници на граѓанскиот сектор, претставник на ЗЕЛС, претставнички на Собраниската Комисијата за еднакви можности, стручни претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана и други.
Локација: Во просториите на Секретаријатот за европски прашања
На дебатата ќе гостува г-ѓа Ана Заборска, долгогодишен член на Европскиот Парламент и член на Комитетот за женски права и полова еднаквост, од групата на Европската народна партија, која ќе даде свое видување во поглед на спроведувањето на Европската мапа за родова еднаквост.