EU talks
Во пресрет на објавувањето на овогодинешната Стратегија за проширување и Извештајот за напредок на Република Македонија, од страна на Европската комисија, Секретаријатот за европски прашања, ве поканува на дебата на тема: „Очекувања, предизвици и следни чекори во евроинтеграциите“, како дел од започнатиот дебатен циклус “ЕУ Разговори“.
Дебатата ќе се одржи на 03 ноември 2015 г. (вторник), со почеток во 10-11.30 часот, во просториите на Секретаријатот за европски прашања - СЕП. (Кеј Димитар Влахов бр.4, позади Хотел Стоун Бриџ).
Дебатата е од отворен карактер за сите граѓански организации кои имаат пополнето формулар за регистрација на веб страницата на СЕП.