Новости
понеделник, 28 декември 2015 16:45
Секретаријатот за европски прашања денес беше домаќин на група на студенти од универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола и универзитетот “Гоце Делчев” од Штип ја изучуваат областа на правда и внатрешни работи со цел подетално да се запознаат со работата на СЕП како и поконкретно со активностите кои се преземаат во оваа област.
Во своето воведно обраќање вицепремиерот Бесими зборуваше за функција и улога на Секретаријатот за европски прашања во процесот на европската интеграција на нашата земја, предизвиците со кои се соочуваме како и планираните активности за нивно надминување. Во тој контектс, Вицепремиерот истакна дека процесот на европска интеграција е особено значаен за демократизацијата на нашето општество и вградувањето на европските вредности во нашиот систем.
Претставници од Одделението за правда, слобода и безбедност на студентите им ги презентираа надлежностите на СЕП, процесот на координација и како и конкретните активности од областа на Правда и внатрешни работи..