Новости
четврток, 24 декември 2015 17:06
Во рамки на иницијативата на Секретаријатот за европски прашања “Институционални посети во врска со имплементацијата на Итните реформски приоритети”, Вицепремиерот задолжен за европски прашања, д-р Фатмир Бесими денес оствари работен состанок со претседателот на Државната изборна комисија г-дин Александар Чичаковски и потпретседателот г-дин Реџеп Прекопуца. Бесими на почетокот на средбата им го честиташе изборот, како и изборот на новиот состав на Државната изборна комисија, потенцирајќи ја важната улога што оваа институција ќе ја има во наредниот период, а особено за наредните парламентарни избори.
Претседателот на Државната изборна комисија Чичаковски, изрази благодарност за посетата нагласувајќи дека добрата меѓуинституционална соработка, ќе биде од круцијална важност за успешна организација и спроведување на изборниот процес.
На состанокот се разгледуваа препораките од Итните реформски приоритети кои се во надлежност или поврзани со работата на Државната изборна комисија, со фокус на планираните конкретни активности кои треба да се преземат во периодот до распишување на предвремените парламентарни избори, дефинирани со последните измени и дополни на Изборниот законик.