Новости
петок, 18 декември 2015 17:36
Денес, Секретаријатот за европски прашања ја одржа првата дебата од циклусот “ЕУ Ѕвезди” на тема: "Образованието и младите во нашата земја или странство", на која дебатираа студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, во чии простории се оддржа истата. Пред започнување на дебатата, на студентите им се обратија Вицепремиерот Бесими и Проректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Проф. Андрју Гудспид кои ја истакнаа улогата на дебатите во развојот на демократските општества.
Денешната дебата има за цел да го зголеми интересот и знаењето на младите лица за прашања и теми поврзани со ЕУ. Преку дебатите, СЕП цели кон овозможување на отворен форум за дебата помеѓу младите насочен кон охрабрување на критичното милење и поттикнување на култура каде на дебатата се гледа како демократски начин за надминување на разликите во мислењата. и.
Првата пилот дебата во рамките на иницијативата “ЕУ Ѕвезди” се оддржа во јуни 2015 година. Денес цилусот на дебати со студентите низ универзитетите во Република Македонија започна со Универзитетот на Југоисточна Европа и истиот ќе продолжи и во текот на 2016 година со цел да се слуша гласот на младите како идни европски граѓани.
Дебатата е дел проектот на СЕП ,, Младите за ЕУ ‘’.