Новости
среда, 04 ноември 2015 15:17
Соочувајќи се со предизвиците на европската интеграција, но и потребата од подобрување на услугите кон граѓаните, градењето на ефикасна, модерна и транспарентна државна администрација, изнаоѓање на нови методи за оценка и подобрување на квалитетот во работењето е една од клучните определби на Владата на Република Македонија.
Во оваа насока Секретаријатот за европски прашања поддржан од Министерството за информатичко општество и администрација започна со воведување на Заедничката рамка за оценка (Common Assessment Framework (CAF)).
Во рамките на оваа активност, вчера и денес се одржа работилница на Работната група на СЕП за воведување на КАФ, предводена од Државниот секретар за евроспки прашања Ана Блажеска, а составена од државни службеници вработени во Секретаријатот за европски прашања.
Целта на оваа работна група е дефинирање на силните страни и области кои треба да се подобрат како и предложување на мерки и активности за подобрување на целокупната работа на СЕП како стручна служба на Владата на РМ за координација на процесот на европска интергација.
Заедничката рамка за проценка (Common Assessment Framework (CAF)) е алатка за целосно управување со квалитет која ја гледа организацијата истовремено од различни агли и зазема холистички пристап во анализата на успешноста во работењето на организацијата.
Оваа алатка е инспирирана од Моделот за извонредност на Европската фондација за управување со квалитет (EFQM) и моделот на Универзитетот за административни науки во Спејер, Федерална Република Германија.