Новости
среда, 27 март 2013 17:29
Денес заменик претседателот на Владата задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими, се сретна со Генералниот Директор за Европска Соработка на Министерството за Надворешни Работи на Кралството Холандија, кој е на работна посета на Република Македонија, како дел од неговите регионални посети на земјите аспиранти за членство во ЕУ!
На средбата помеѓу заменик претседателот Бесими и Генералниот Директор Де Грот се разговараше за досегашната одлична билатерална соработка со Кралството Холандија, како и за нејзиното проширување преку зајакнување на контактите на Секретаријатот за Европски Прашања и Амбасадата на Кралството Холандија.
За време на средбата соговорниците се осврнаа на напорите на Владата во наредниот период насочени кон остварување конкретни резултати во приоритетните области договорени во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН), односно добивање позитивен пролетен извештај од страна на Европската комисија како и одвивање на успешен 4ти состанок на ПДВН.
Во тој контекст, вицепремиерот Бесими ја истакна неговата подготвеност за натамошно продолжување на Дијалогот на високо ниво како и сите други проекти кои го поддржуваат евроинтегративниот процес на земјата, како и неговата лична посветеност кон интегративниот процес убеден дека Евро-Атлантските интеграции се најдобрите алтернативи за иднината на Република Македонија.
Покрај ова Владата има силна политичка волја за продолжување со конкретни резултати низ целиот спектар на подрачја опфатени со Копенхашките критериуми, утврдени со Националната програма за приближување на законодавството (НПАА) чија ревизија за 2013 година беше усвоена од страна на ВРМ на крајот на декември 2013 година.
Заменик претседателот на Владата д-р Фатмир Бесими истакна дека сега земјата е во клучна фаза на патот кон нејзините стратешки цели, и поддршката на Кралството Норвешка во овој процес исклучително поддршката во Пристапниот Дијалог на Високо Ниво е од голема важност за Република Македонија.
На средбата заменик Претседателот Бесими ја истакна и важноста на поддршката која Кралството Норвешка ја дава за Секретаријатот за Европски прашања. Во оваа насока вицепремиерот Бесими најави координативни состаноци помеѓу Амбасадата и Секретаријатот за Европски прашања за проценување на напредокот во спроведување на програмите и за дискутирање за идни активности и проекти.