Новости
среда, 16 септември 2015 15:41
На 16 и 17 септември 2015г во Секретаријатот за европски прашања се одржува регионална работилница за терминологијата од областа на Европската унија, организирана во рамките на Отворениот регионален фонд на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Учесници на работилницата, покрај Македонија, се Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Работилницата ја отвори државниот секретар на Секретаријатот за европски прашања, г-ѓа Ана Блажеска, која ја истакна важноста за обезбедување квалитетна терминологија поврзана со правните акти на Европската унија како важен предуслов за создавање сигурен извор на идните права и обврски за граѓаните. Државниот секретар, ја искажа својата благодарност кон претставниците од Европската унија и кон донаторот на настанот за поддршката, како и кон учесниците за нивниот активен придонес за успешна регионална соработка, со желба ваквите настани да продолжат да се организираат покривајќи и други прашања од областа на подготовката на националната верзија на правните акти на Европската унија.
Главната цел на оваа работилницата е размена на искуство меѓу земјите од регионот на полето на градење на терминологијата од областа на Европската унија, надополнето со стручните совети од претставниците на Европската комисија и од Советот на Европската унија.