Новости
четврток, 04 јуни 2015 10:30
Вчера вечер, во рамки на свеченото одбележување на Националниот ден на Италија, амбасадорот на Италијанската Република Н.Е. г-дин Ернесто Масимо Белели на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими му врачи високо национално признание, Орден на ѕвезда на Италија - Гранд Офицер (Order of the Star of Italy – Grand Officer).
Орденот се доделува врз основа на Одлука, донесена од страна на Претседателот на Италија Н.Е. г-дин Серџо Матарела, за придонесот од страна на Заменик претседателот Бесими во унапредување на пријателските односи и соработката помеѓу Република Македонија и Италијанската Република во евроинтегративниот процес, особено за време на италијанското Претседателство со Советот на ЕУ.
Свечениот настан се одржа во просториите на македонскиот народен театар – МНТ, во присуство на голем број на гости, претставници на дипломатскиот кор, владата и јавниот живот.