Новости
среда, 20 мај 2015 15:38
Денеска во просториите на МК-ЕУ Инфо центарот, Секретаријатот за европски прашања во соработка со Француската амбасада го одржаа настанот “Европската Унија во Македонија - Кафе пауза со Француската амбасада” , кој претставува дел од настаните за одбележување на Денот на Европа.
Важно е да се одбележи денот на Европа. Надвор од актуелните настани, сакаме да напоменеме за македонските граѓани дека судбините меѓу Франција и Македонија се тесно поврзани, а блискоста е очигледна, порака од земјите основачи останува обврската за изградба на подобра иднина – истакна Амбасадорот на Франција г-ѓа. Оер.
Вицепремиерот Бесими истакна дека Македонија мора да опстои во својот пат кон целосна интеграција во Европската Унија и успешно да ги надмине сите предизвици во остварувањето на оваа цел. Вредностите на ЕУ се истите вредности во кои се препознаваат и нашите граѓани.
На настанот присуствуваа граѓани, познатиот дизајнер со долгогодишно искуство во Франција г. Изет Цури, вработените во СЕП, амбасадори на земјите членки на ЕУ и претставници на медиумите кои имаа можност да се дружат со Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими и Француската амбасадорка г-ѓа Лоренс Оер.
Секретаријатот за европски прашања, Француската амбасада и гостите својата кафе пауза ја поминаа заедно во меѓусебен неформален разговор во амбиент на прекрасните звуци на француската музика, збогатен со фотографии од Париз и француски специјалитети.
Проектот "Европската унија во Република Македонија" е дел од ЕУ Агендата 2014 и 2015 на Секретаријатот за европски прашања и се спроведува во соработка со амбасадите на земјите- членки на Европската унија во Република Македонија.