Најави
петок, 16 октомври 2020 03:51
Почитувани,
Ве известуваме дека утре, 17.10.2020 година (сабота) со почеток во 12:00 часот, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе одржи прес-конференција по повод мандатното писмо во кое што е содржана мисијата и задачите на Секретаријатот за европски прашања.
Прес-конференцијата ќе се одржи во холот на новите простории на Секретаријатот за европски прашања (Кеј Пресвета Богородица бр.3 https://goo.gl/maps/yuhXXi9nxuynMJd66).
Покануваме Ваша екипа да ја проследи прес-конференцијата.
НАПОМЕНА:
1. При влез задолжително е носење на документ за лична идентификација и новинарска легитимација.
2. Пријавувањето за следење на прес-конференцијата ќе може да го направите на следнава меил адреса: blazenka.miteva@sep.gov.mk најдоцна до утре (сабота), до 10:30 часот.
3. Пристигнување на новинарите и новинарските екипи најдоцна до 11:45 часот.