Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.15 Енергетика ги покрива следните области: сигурност во снабдување, внатрешен пазар на енергија, државна помош, обновлива енергија, енергетска ефикасност, нуклеарна енергија и нуклеарна сигурност и радијација.
Оваа област претставува збир на политики кои имаат за цел да се овозможи нискојаглеродна транзиција, каде фокусот е ставен на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, како и на намалување на стакленичките гасови. ЕУ е предводник во декарбонизација преку усвојување на Патоказот за енергија до 2050 година, со високо поставени цели за намалување на емисиите од стакленичките гасови, обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност, односно ЕУ ќе има климатски неутрална економија, што преставува срцето на Европскиот зелен договор кој се базира на Парискиот договор за климатски промени. ЕУ е посветена на непрекинато функционирање на внатрешните пазари за енергија, целосната либерализација на пазарите за енергија, обезбедување на сигурност во снабдувањето со различни видови на енергија, диверзификација на изворите на снабдување со енергенси.