Преговарачки поглавја
Барањата на политиките на ЕУ во Пoглавјeто 3.04 Слободно движење на капитал се во насока на отстранување на сите ограничувања на движењето на капитал и во рамките на ЕУ и меѓу земјите-членки и трети земји, со одредени исклучоци. Законодавството во оваа област се засновува на Договорот за функционирање на Европската Унија, особено на членовите 63-66. Анекс I од Директивата 88/361/EEC предвидува дефинирање на различни видови на движењето на капиталот. Законодавството исто така вклучува правила во врска со прекуграничните плаќања и извршувањето на налозите за трансфер во врска со хартии од вредност. Директивата за борба против перење пари и финансирање тероризам бара од банките и другите економски оператори, особено кога извршуваат работи со висока вредност и големи готовински трансакции, да ги идентификуваат клиентите и да пријават одредени трансакции. Клучно барање за борба против финансискиот криминал е создавање на ефикасен административен и капацитет за спроведување, вклучително и соработка меѓу надзорните органи, органите за спроведување на законот и обвинителството.