Конкурси
понеделник, 23 септември 2019 15:11
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на волонтери во
Секретаријатот за европски прашања
Секретаријатот за европски прашања, врз основа на Законот за волонтерство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 85/2007, 161/2008, 147/2015 и 124/2019), и Програмата за волонтирање во Секретаријатот за европски прашања
за 2019 година, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За ангажирање на волонтери во Секретаријатот за европски прашања со цел приближување на работата на
државната администрација кон младите, а воедно и укажување на можност за
стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да се конкурира нa
пазарот на трудот, Секретаријатот
за европски прашања овозможува волонтирање за заинтересираните студенти или дипломирани студенти.
Волонтирањето ќе биде во периодот од 01.10.2019 до 31.12.2019 година за студенти кои немаат се
уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат, како и за
дипломираните студенти.
Напоменуваме дека на ангажираните волонтери ќе им биде исплатен
надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за
волонтерство („Сл. весник на РМ„ бр. 85/2007, 161/2008, 147/2015 и
124/2019) најмногу до 15%
од просечната месечна
плата во Република Северна Македонија
исплатена во претходната година.
По завршување на волонтирањето, Секретаријатот
за европски прашања не
презема обврска за вработување на волонтерите.
Заради потребите на Секретаријатот за европски прашања ќе бидат ангажирани 15 (петнаесет) волонтери и тоа од:
1. Филолошки факултет – албански јазик -3 (тројца)
Заинтересираните кандидати да достават писмо за интерес, кратка биографија и копија од индекс/диплома/уверение за завршено високо образование на адреса: Кеј ,,Димитар Влахов“ бр.4, 1000 Скопје, со назнака „За јавен повик за ангажирање волонтери“.
Поради недоволен број на пријавени кандидати, рокот се продолжува до 10.10.2019