Конкурси
вторник, 08 октомври 2024 12:45
Министерството за европски прашања објавува тендер за организирање на завршна конференција на проектот „Поддршка на ЕУ за имплементација на ЕУ стратегијата за Јадранско јонскиот регион во Република Северна Македонија“.
Поканата за тендерот и сите детални документи неопходни за аплицирање се во прилог.
Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region - EUSAIR) е макро-регионална стратегија воспоставена во 2014 година. Таа е една од четирите макро-регионални стратегии на ЕУ. Општата цел на EUSAIR е да го промовира економскиот и социјалниот напредок и раст во Јадранско-јонскиот регион преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Со оглед на нејзината структура, Стратегијата исто така придонесува и за понатамошна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Макро-регионалната соработка како таква, е пример за управување на повеќе нивоа и истата се карактеризира со активно вклучување на бројни чинители. Ова подразбира вклученост не само на чинители од централната власт, но и на претставници на локалната власт, граѓанскиот сектор, академската и бизнис заедницата. Важно е да се спомене дека макро-регионалното организирање е понова форма на соработка во рамки на Европската унија, а особено ново за нашата земја.
ЛИНК ДО ДОКУМЕНТИ: Тендерската документација за проектот ЕУСАИР