Новости
петок, 06 јуни 2014 10:30
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими денес оствари средба со новиот Британски Амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Чарлс Гарет.
Посакувајќи му успешна работа во неговиот мандат, Бесими разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, во таа насока и за можностите за продолжување и продлабочување на истата.
Вицепремиерот Бесими на средбата ја истакна важноста на поддршката на Обединетото Кралство за Република Македонија во процесот на пристапување во Европската Унија.
Меѓу другото, на средбата се разговараше и за пријателската соработка меѓу двете земји и во други области како што се фондовите на Европската Унија, за кои експертската помош на Велика Британија е од голема важност за Република Македеонија.