Новости
среда, 04 јуни 2014 19:54
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денеска се сретна со генералниот директор на Директоратот за проширување во Европската Комисија Кристијан Даниелсон, кој престојува на редовна работна посета на Република Македонија.
На средбата се разговараше за европската интеграција на Република Македонија како и реформите кои се реализираат со цел исполнување на преостаните приоритети. Како што подвлече Бесими, евроинтеграциите остануваат врвен приоритет и на идната Влада која е во тек на формирање.
Вицепремиерот Бесими на средбата нагласи дека во изминатиот период Владата на Република Македонија и покрај сите политички предизвици во после-изборниот период, работеше целосно посветено во остварувањето на обврските од Пристапниот дијалог на високо ниво – ПДВН и ја усвои предлог листата на селектирани цели и приоритети како платформа за продолжување на ПДВН а кои се однесуваат на реформата на правосудството, борбата против корупција, слободата на изразување и медиуми, меѓуетнички односи и добрососедски односи.
На состанокот се разговараше и за одржаните избори, и се изрази заложбата за соодветно адресирање на препораките од ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и предвремените парламентарни избори, кои што ќе се реализираат според согласно акциски план кој е веќе во подготовка.
Бесими разговараше и за силниот ангажман на Владата и интуициите околу програмирањето на новата ИПА 2014-2020 и нагласи дека засилено се работи на подобрување на апсорпциската моќ на државните институции со цел да се избегнат ситуации на губење на средства за поддршка на реформите.
На крај Бесими му честиташе на Даниелсон за реализираните демократски ибори во ЕУ и додаде дека е важно проширувањето на ЕУ да биде во агендата на новиот Европски Парламент.