Новости
понеделник, 18 март 2013 09:02
Денес, Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими, оствари поединечни средби со претставници на меѓународни институции, г-ѓа Дирда Бојд постојан координатор на Обединетите Нации и постојан претставник на УНДП во Македонија и новиот директор на канцеларијата на Светска Банка во Македонија, г-ѓа Татиана Проскоруиакова.
На средбата помеѓу заменик Претседателот Бесими и г-ѓа Бојд се нагласи подготвеноста за продолжување и проширување на одличната соработка помеѓу Владата на Република Македонија и УНДП.
Во тој контекст вицепремиерот Бесими истакна дека сега земјата е во клучна фаза на патот кон нејзините стратешки цели – членството во ЕУ и НАТО, и поддршката на УНДП во овој процес исклучително поддршката во Пристапниот Дијалог на Високо Ниво е од голема важност за Република Македонија.
На средбата заменик Претседателот Бесими ја истакна и важноста на поддршката која УНДП ја дава за Секретаријатот за Европски прашања преку тековниот проект “Градење на капацитети за Координација на Помош” која ја поддржува владата во координацијата на помошта и воспоставувањето на програмски базиран пристап која е сега основа за програмирање на новата ЕУ – ИПА перспектива за периодот 2014-2020. Исто така, разговараа за нови можности на соработка.
Постојаниот координатор на Обединетите Нации и постојан претставник на УНДП во Македонија г-ѓа Бојд нагласи дека фокусот на УНДП е во придонесот и дополнувањето на националните напори за исполнување на националните приоритети и Акциониот план за интеграција во ЕУ, особено во областите својствени на мандатот на ОН.
На состанокот со директорот на канцеларијата на Светска Банка во Македонија, г-ѓа Татиана Проскоруиакова, се истакна значењето за Република Македонија во овој период да постигне напредок во процесот на интеграција кон ЕУ а притоа се договорија за подготвителни средби помеѓу Секретаријатот за европски прашања и канцеларијата на Светска Банка во Скопје со цел дефинирање на области на соработка во прогресот со Европската агенда.
На крајот Заменик Претседателот Бесими се заблагодари за честитките упатени за новата функција, и посака понатамошен успех во функцијата на нов директор на канцеларијата на Светската Банка во Македонија, и ја увери дека лично ќе се заложи за продолжување на досегашната соработка помеѓу Секретаријатот за Европски прашања и Светската Банка.