Новости
четврток, 20 март 2014 17:42
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска остварија средба со Еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе.
На средбата се разговараше за европската перспектива на Република Македонија и на регионот додека главен акцент се стави на Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) каде соговорниците се согласија следната средба на високо ниво да се одржи после парламентарните и претседателките избори. Исто така на состанокот се разговараше за можните главни теми кои ќе бидат опфатени во идниот Дијалог на Високо Ниво а тоа се добрососедските односи, вледенето на правото и фундаменталните права.
Меѓу другото на состанокот се потврди дека и по завршувањето на изборите, интеграцијата на земјата во Европска Унија ќе продолжи да биде главен стратешки приоритет.