Новости
петок, 14 март 2014 13:56
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денеска оствари средба со државниот потсекретар на Министерството за надворешни работи на Република Полска, г-ѓа Хенрика Мошцицка-Дендис.
На средбата Бесими истакнувајќи ја стратешката определба на Владата на Република Македонија за членство во Европската унија, укажа за напредокот во исполнувањето на критериумите за членство во Европска Унија и за заложбите кои Владата ги превзема во градењето на добрососедски односи со што на Македонија ќе и се отвори патот кон европските и евроатлтанстките интеграции.
Полскиот потсекретар на Министерството за надворешни работи, Дендис, истакна дека Република Полска силно се залага за проширување на Европската Унија и ќе продолжи да ја подржува Република Македонија на овој пат, потенцирајќи дека стојат на располагање за размена на нивното искуство во имплементирањето на реформите и исполнувањето на критериумите од Европска Унија.
Бесими се заблагодари за поддршка што ја нуди Република Полска како наш партнер во евроинтегративниот процес на земјата и воедно, истакна дека треба да се работи исто така и на продлабочување на веќе постоечката добра економска соработка, што ќе придонесе кон зголемување на бројот на полските инвестиции во Република Македонија.
Двајцата соговорници истакнаа дека добрите билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Полска и понатаму ќе продолжат а исто така ќе се работи на продлабочување на соработката во областа на културата, образованието, науката, здравството, судството и владеењето на правото кои претставуваат главен двигател на земјата кон ЕУ.